Момчето со семејството морало да го напушти домот во Муграка, па се засолнило во Вада Газа, на преминот од северот кон југот на Газа / Photo: AA

Од Појасот Газа со месеци пристигнуваат вознемирувачки снимки и слики. На фотографиите и видеата можеме да го видиме убивањето цивили, главно жени и деца, но и борбата за живот поради недостигот на основните потреби, јавува Анадолу.

Хуманитарната помош што влегува во Газа е строго ограничена поради израелската блокада и окупацијата. Луѓето гладуваат, а нема ни вода за пиење.

Снимката на дете како влече вреќа брашно што ја добило од хуманитарните организации никого нема да остави рамнодушен.

Откако со семејството морало да го напушти својот дом во Муграка, момчето нашло засолниште во Вада Газа, која се наоѓа на преминот од северот кон југот на Појасот Газа.

AA
Популарни