Неколку Палестинци се убиени во напад извршен вчера од страна на Израел врз училиште во јужниот дел на Појасот Газа во кое се наоѓале раселени лица, соопштија лекарите.
„Десетици лица се повредени во напад на училиште во градот Абасан, источно од Хан Јунис“, се вели во соопштението на палестинската Црвена полумесечина.
Во соопштението се додава дека имало и загинати во израелското бомбардирање на кружниот тек во центарот на Хан Јунис.
Минатата недела израелската Армија издаде наредба за евакуација на Палестинците од неколку подрачја во источниот дел на Хан Јунис.
Од избувнувањето на конфликтот во Газа, израелската војска нападна неколку палестински центри за раселени лица низ Појасот Газа, убивајќи десетици Палестинци.
Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива со неселективно бомбардирање на цивилните населби, училишта, верски објекти и болници на Појасот Газа на 7 октомври минатата година.
Според локалните здравствени власти, оттогаш во израелските напади се убиени повеќе од 38.200 Палестинци, главно жени и деца.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда им наложи на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа.
И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.