Палтел во неделата објави дека телекомуникациските и интернет-услугите постепено се обновени / Photo: AA

Телефонските и интернет-услугите во Појасот Газа повторно во текот на ноќта се потполно прекинати, објави утринава палестинската телекомуникациска компанија Палтел.

„Жал ни е што мораме да објавиме целосна суспензија на сите комуникациски и интернет-услуги со Појасот Газа поради повторното нарушување на меѓународните рути кои претходно беа повторно поврзани“, се вели во кусото соопштение на социјалната платформа X.

Во неделата, компанијата објави дека телекомуникациските и интернет-услугите постепено се обновени во Газа.

AA
Популарни