Израелски воени авиони извршија серија воздушни напади врз јужен Либан во саботата, предизвикувајќи пожари во неколку градови.
Во соопштението на израелската војска се наведува дека борбените авиони извршиле нов бран воздушни напади врз цели на Хезболах во јужен Либан.
По нападот на социјалните мрежи беа објавени фотографии од пожари во јужните градови.
Според либанската државна Национална новинска агенција, израелски воени авиони извршиле повеќе од 50 воздушни напади врз пограничните градови во јужен Либан.
Тензиите меѓу Израел и Хезболах се зголемија во последните денови поради ескалацијата на прекуграничниот конфликт од почетокот на израелската смртоносна офанзива во Појасот Газа, во која загинаа речиси 41.400 луѓе, главно жени и деца.
TRT Balkan / агенции