Пожари во Јужна Франција, евакуирани 2.000 луѓе / Photo: AA

Шумски пожари синоќа зафатија речиси 500 хектари земјиште во Јужна Франција, поради што се евакуирани над 2.000 луѓе и оштетени се куќи, објавија надлежните.

Пожарите се проширија низ туристичките места во департманот Пиринејски Ориентали на Медитеранот, соопштија надлежните од департманот на платформата X, порано позната како Твитер.

Зафатени се гратчињата Сореде, Сен-Андре и Аржелес-сур-Мер, додадоа надлежните, објаснувајќи дека пожарот се проширил претежно во туристичките области.

Властите евакуираа 2.000 луѓе од две резиденцијални подрачја и четири области за кампирање во градот Сен-Андре, каде што куќите и другите објекти се сериозно оштетени.

Во пожарот нема загинати, нагласија од департманот и додадоа дека огнената стихија била изгасната околу 03:00 часот по полноќ со напорите на над 650 пожарникари.

TRT Balkan / агенции
Популарни