Предлозите на француската Влада за штедење станаа предмет на исмејување     Фото: АА

Потсмев и јавни критики беа упатени за дел од предлозите на членовите на Владата во Франција за штедење енергија како што беше примерот со носење подебела облека или сушење алишта на отворено.

Полемики се појавија особено откако премиерката Елизабет Борн и нејзиниот кабинет покренаа иницијатива со носење бунди и дебели џемпери да бидат пример за граѓаните.

Уште еден интересен предлог доаѓа од пратеникот на владејачката партија Републиката во движење (LREM), Жил Ле Женре. Тој предложи алиштата да се сушат на отворено, наместо во машина за сушење алишта, што стана предмет за потсмевање.

Градоначалникот на Кан, Давид Лиснард, е еден од оние кои се обидоа да ги исмејат Ла Женреовите зборови на Твитер.

„Уште еден голем напор за државата. План кој поттикнува на размислување: статив за сушење алишта и дебели џемпери“, напиша тој.

Заменик-градоначалникот на Париз, Јан Бросат, исто така го коментираше предлогот на Ла Женре.

„Кој вели дека во ова време нема херојство?“, рече Бросат.

Во земјата поради недостиг на енергија се дискутира за тоа температурата во домаќинствата да се одржува на максимални 19 степени и да се воведат санкции за сите оние кои нема да се придржуваат кон правилото.

Политичарката на крајната десница, Марин Ле Пен, исто така, ја критикуваше Владата за која рече дека наместо да пронајде решение за проблемот со недостигот на енергија, се обидува да ја спровне оваа иницијатива.

AA
Популарни