Рускиот претседател Владимир Путин ќе патува во главниот град на Иран, Техеран, на 19 јули за да биде дел од трилатералниот состанок со иранскиот претседател Ибрахим Раиси и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Путин исто така ќе одржи посебен билатерален состанок со Ердоган“, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, на брифингот со новинарите во Москва.
„Патувањето на претседателот во Техеран се подготвува. Ќе се одржи состанок на шефовите на земјите гаранти на процесот во Астана. Покрај трилатералниот состанок, ќе се одржат и билатерални состаноци“, истакна тој.
„Вчера информиравме за претстојните контакти на високо ниво меѓу Путин и Ердоган, таму ќе се одржи и оваа средба“, рече Песков.
Нема продолжение на преговорите меѓу Русија и Украина
Преговорите во Астана за мир во Сирија беа започнати во 2017 година на иницијатива на Туркије, Русија и Иран. Состаноците придонесуваат и за унапредување на дипломатскиот процес предводен од ОН во Женева.
На прашањето за можно продолжение на мировните преговори меѓу Русија и Украина, Песков рече: „Не, тоа сега не доаѓа предвид.“
Коментирајќи го декретот од 11 јули со кој се дозволува брзо руско државјанство за сите Украинци, Песков рече дека одлуката е важна бидејќи многу Украинци сакаат да станат руски државјани.