Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес телефонски разговараше со својот азербејџански колега Илхам Алиев, при што му изрази сочувство за жртвите во авионската несреќа што се случи во казахстанскиот град Актау, јавува Анадолу.
Ердоган во телефонскиот разговор со Алиев на повредените им посакал побрзо закрепнување.
Претходно денес авион на „Азербејџан ерлајнс“ со 67 луѓе, кој летал на релација Баку-Грозни, се урна во близина на казахстанскиот касписки град Актау.
Извештаите велат дека 32 лица во авионот ја преживеале несреќата.