Претседателот на Иран Пезешкијан: Окупаторските терористи ќе зажалат

Претседателот на Иран Пезешкијан: Окупаторските терористи ќе зажалат

Иран жали за смртта на ерусалимскиот маченик Исмаил Ханије“, напиша Пезешкијан на социјалната мрежа Х
Претседателот на Иран истакна дека тие ќе го бранат својот територијален интегритет / Photo: AA

Окупаторските терористи кои го убија претседателот на Политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије во Техеран,ќе зажалат за своите гнасни постапки, изјави денеска Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

“Иран жали за смртта на ерусалимскиот маченик Исмаил Ханије“, напиша Пезешкијан на социјалната мрежа Х.

Нарекувајќи го Ханије храбар соборец на палестинскиот отпор, Пезешкијан рече:

„Врската меѓу Иран и Палестина, две чесни народи, ќе биде посилна од порано. Отпорот на угнетените ќе се брани посилно од кога било“.

Наведувајќи дека нападот бил насочен и врз територијалниот интегритет на Иран, иранскиот претседател додаде

„Иран ќе го брани својот територијален интегритет, достоинство и чест“.

На крајот од својата изјава, Пезешкијан цитираше пасус од Куранот кој вели

„Навистина, Алах е силен и строг“.

Палестинското движење Хамас потврди дека нивниот лидер бил убиен утрово во воздушен напад во Техеран.

Хамас рече дека Израел го извршил нападот во кој загина политичкиот лидер на движењето.

Во соопштението се наведува дека Ханије бил во Техеран за да учествува на церемонијата на инаугурација на новоизбраниот ирански претседател.

Иранската државна телевизија претходно објави дека лидерот на Хамас е убиен во терористички напад врз неговата резиденција во главниот град на Иран.

Ханије беше избран за шеф на Политичкото биро на Хамас на 6 мај 2017 година, на местото на Калид Мешал.

AA
Популарни