Тој е приведен неколку часа по телевизискиот говор во кој рече дека планира да го распушти Конгресот, последен обид да ја задржи власта пред претстојниот импичмент.        Фото: Ројтерс

Претседателот на Перу, Педро Кастиљо, синоќа е приведен и префрлен во затвор, откако беше обвинет поради бунт по обидот за распуштање на Конгресот.

Кастиљо беше одведен во затворот „Барбадило“ во подрачјето на Ате во главниот град Лима.

Тој е приведен неколку часа по телевизискиот говор во кој рече дека планира да го распушти Конгресот, последен обид да ја задржи власта пред претстојниот импичмент.

Дина Болуарте положи заклетва како нова претседателка на Перу, првата жена на оваа функција во земјата.

Потегот на Кастиљо беше веднаш осуден од политичките сили, меѓу кои и од партијата што го донесе на власт, Перу Либре (Слободен Перу), а потоа следуваа и серија оставки на Кабинетот.

Болуарте, која беше потпретседателка, синоќа, исто така го отфрли потегот на Кастиљо „за рушење на уставниот поредок со распуштање на Конгресот“, додека Народниот правобранител, обидот за распуштање на Конгресот го нарече „државен удар“.

По хаосот создаден од изјавата на Кастиљо, локалните медиуми објавија дека претседателот тргнал во Мексиканската амбасада во главниот град Лима да побара азил.

Во видео кое се појави на социјалните мрежи се гледа како полицијата го пресретнала неговиот автомобил и го привела.

Сто и еден пратеник гласаа „за“, 6 „против“ и 10 беа „воздржани“ за смена на Кастиљо, наведувајќи ја како причина „трајната морална неспособност“.

TRT Balkan / агенции
Популарни