Илјадници демонстранти упаднаа во резиденцијата на премиерот и претседателот во саботата барајќи нивна смена. Фото: Ројтерс

Претседателот на Шри Ланка Готабаја Раџапакса ја напушти земјата рано во средата, објави Асошиејтед прес, цитирајќи неименуван претставник за миграција.

Раџапакса, неговата сопруга и двајца телохранители биле качени во авион на воздухопловните сили на Шри Ланка, кој полетал за главниот град на Малдивите, Мале, се додава.

Раџапакса требаше да поднесе оставка од функцијата претседател во среда за да се отвори пат за влада на единство, откако илјадници демонстранти упаднаа во неговата и во официјалната резиденција на премиерот во саботата барајќи нивна смена.

Претседателот не е виден во јавноста од петокот. Парламентот ќе ја избере неговата замена на 20 јули.

Семејството Раџапакса, вклучително и поранешниот премиер Махинда Рајапакса, со години доминираат во политиката на 22-милионската земја и повеќето жители на Шри Ланка ги обвинуваат за актуелните проблеми.

Економијата зависна од туризмот е тешко погодена од пандемијата со Ковид-19 и падот на дознаките од странство. Истовремено забраната за хемиски ѓубрива го оштети земјоделското производство. Таа забрана подоцна беше укината.

HINA
Популарни