Приватен авион кој полетал од шпанскиот аеродром Херез де ла Фронтера кон аеродромот во Келн, Германија, се урна во Балтичкото Море кај летонскиот град Вентсполис.     Фото: АА (Архива)

Приватен авион кој полетал од шпанскиот аеродром Херез де ла Фронтера кон аеродромот во Келн, Германија, се урна во Балтичкото Море кај летонскиот град Вентспилс.

Според веста објавена во шведскиот весник „Афтонбладет“, спасувачки тимови се испратени во регионот откако приватен авион од типот „Цесна 551“, регистриран во Австрија, се урна во Балтичкото Море.

Во информациите дадени од властите, се наведува дека авионот пред да тргне преку Балтичкото Море извршил две обиколки преку Париз и Келн, а кога не можел да слета, брзо изгубил брзина и висина и паднал кога се упатил кон Балтичкото Море.

Јохан Валстром, офицер за печат на шведската поморска администрација, исто така истакна дека германски и дански воени авиони се обиделе да стапат во контакт со пилотот на приватниот авион за кој станува збор, но обидите биле неуспешни.

Според првичните сознанија во авионот имало четири лица, а бродови од Шведска, Латвија и Литравија испратени се во областа каде што се урна авионот.

AA
Популарни