Полицијата соопшти дека дрогата била намената за европскиот пазар / Photo: Шпанска полиција

Шпанската полиција во две одвоени акции запленила дури 11 тони кокаин во пратки со туна од Латинска Америка.

Според шпанските медиуми, балканскиот картел бил одговорен за шверцот на овој наркотик, поради што биле уапсени 20 лица поврзани со две балкански криминални организации.

Меѓу уапсените има државјани на Албанија, Доминиканската Република, Колумбија и Шпанија.

Во соопштението на шпанската национална полиција се наведува дека кокаинот е запленет при операции во пристаништата Виго на северот на Шпанија и Валенсија на истокот на земјата.

Во заедничка акција на Националната полиција и Финансиската полиција, запленети се 7,5 тони кокаин од контејнери кои пристигнале во пристаништето Виго и 3,4 тони кокаин од контејнери во пристаништето Валенсија.

Полицијата соопшти дека дрогата била намената за европскиот пазар.

BoldItalicUnordered ListLinkUndoRedoдека дрогата била наменета за европскиот пазар.

Шпанската полиција истражува компанија која увезувала замрзната туна со кокаин, бидејќи властите имаат докази дека нејзините раководители не само што биле свесни за тоа што се случува, туку биле дел од целата зделка.

Некои медиуми јавуваат дека контејнерскиот брод превезувал дрога од Јужна Америка во Шпанија.

Дел од товарот во шпанските пристаништа беше детално испитан со помош на скенерот на Даночната управа.

Но на ниту еден од контролните пунктови не можеше да се открие дрогата, која беше добро спакувана и скриена меѓу рибите.

Дрогата била подготвена во Колумбија, а во Шпанија била доставена во контејнери преку Еквадор и оставена еден месец во пристаништата Валенсија и Виго.


TRT Balkan / агенции
Популарни