Османи: Првин санкции, а потоа дијалог со Вучиќ / Photo: Reuters

Косовската претседателка Вјоса Османи ја повика Шпанија да преземе мерки против Србија и рече дека нема причина за разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ додека не се одобрат санкциите.

„Нема причина за средба додека не се одобрат санкциите против Вучиќ. Првин санкции, а потоа да разговараме за останатото“, рече Османи во Гранада по пристигнувањето на самитот на Европската политичка заедница.

Претседателката Османи настаните од 24 септември во Бањска ги оцени како „страшен чин“.

„Се надевам дека Шпанија ќе им се придружи на другите истомисленици во Европа за да преземат акција против Србија за овој ужасен чин, не само против Косово, туку против мирот и стабилноста и безбедноста на целиот европски континент“, рече таа.

Османи додаде дека се надева дека ќе има можност за ова да разговара со шпанскиот лидер, но појасни дека немаат потврда за одржување на средбата.

TRT Balkan / агенции
Популарни