Познат француски политиколог и поддржувач на Газа е приведен поради „застапување тероризам“, изјави во вторник неговиот адвокат.
Франсоа Бургат е приведен во јужниот град Екс-ан-Прованс поради наводно „застапување тероризам“, изјави адвокатот Рафик Чекат на платформата Х.
„Европска еврејска организација поднесе жалба против експертот за арапскиот свет и исламофобијата заради споделување на објава на X на 2 јануари“, изјави Чекат за Анадолу.
„Бургат дава искрени одговори и се повкува на неговиот статус на истражувач и на книгите што ги напишал. Тој рече дека бил сослушан во Народното собрание, Сенатот, Кривичниот суд итн. Му беа поставени прашања за конфликтот и имаше можност да даде изјава“, објасни адвокатот.
Бургат отворено ја изрази својата поддршка за Газа во различни изјави и рече дека има „бескрајно повеќе почит и ценење за лидерот на Хамас отколку за лидерот на државата Израел“.
Тој го критикуваше и односот на Франција кон Хамас, нарекувајќи го капитулација пред политиката на Соединетите Американски Држави и Израел.