По 18 години предавање на Колеџот за кривично право Џон Џеј во Њујорк, добив отказ. Одлуката за повлекување на мојот договор беше донесена еднострано од претседателката на колеџот Керол Мејсон поради притисокот што го чувствуваше надвор од универзитетот. Мојот шеф на катедрата за латиноамерикански и латински студии, моите колеги од одделот и јас никогаш не сме виделе вакво нешто и сме шокирани.
Како што истакнуваат моите соработници во Економскиот оддел, оваа груба постапка претставува сериозна закана за академската слобода и автономијата на универзитетските катедри да вработуваат и отпуштаат свои професори.
Ја имав честа да предавам на илјадници студенти на колеџот Џон Џеј од пролетта 2007 година. Бев отпуштен поради мојата отвореност за тековниот геноцид на САД и Израел врз луѓето во Газа.
Ционистичките сили кои немаат врска со заедницата на колеџот Џон Џеј ме доксуваа на социјалните мрежи, ми се закануваа и на крајот поради нив ме отпуштија.
Претседателке Керол Мејсон: Каде е мојата академска слобода?
Претседателу Џо Бајден: Каде е моето право на слобода на говор?
Јас не верувам во ционизам и геноцид кои одат рака под рака три четвртини од векот. Немам ли уставно право да го кажам тоа на своите социјални мрежи и во мојот активизам, и надвор од универзитетската дејност?
Палестински исклучок
Што е поодвратно? Американските бомби што паѓаат врз окупираниот, колонизиран народ или успешната кампања за перење мозок од 1948 година која убеди големи делови од Западот дека „да се биде Палестинец значи да се биде терорист?“
Како се виновни Палестинците што се родени во одредена област на светот? Како што покажува документарниот филм „Историја на една земја“, „Стогодишната војна против Палестина“ на мојот поранешен професор Рашид Калиди и многу други научни извори, муслиманските, христијанските и еврејските Палестинци живееле во мир со векови.
Бев свесен дека се изложувам на ризици користејќи го мојот глас и образование за да зборувам. Зошто амбициозен и постојан професор би го истргнал вратот за погрешно разбрани, невидливи и малтретирани луѓе кои немаат пристап до струја, интернет или вода?
Тишината, конфузијата, стравот и геноцидот одат рака под рака. Никој не добива покачување или унапредување за да зборува за Палестина.
Така што во никој случај не бев шокиран од моето отказ. Мојот случај го вклучуваше исклучокот Палестина. Во американското општество и ширум Западот, многу „левичари“ тврдат дека се „прогресивни“, но кога станува збор за 76-годишната окупација на Палестина, тие молчат.
Американските и израелските мејнстрим медиумски апарати работеа прекувремено седум и пол децении за да нè убедат дека Палестинците не се домородни и не се луѓе, цело време навлекувајќи ги западните општества да веруваат дека тие, колонизаторите, ционистите, се жртви.
Менторот и професор Норман Финкелштајн оваа злоупотреба на антисемитизмот ја нарекува „злоупотреба на историјата“. Евреите имаат граѓански права; Ционистите не.
Ционизмот се вкорени кога британската империја изврши инвазија на Палестина и положи право на неа во јули 1922 година. Ова движење за создавање и поддршка на еврејска национална држава во Палестина, која еврејскиот народ ја смета за своја древна татковина, е исклучувачка, истребувачка идеологија од нејзиното основање.
Од 1948 година, кога доби заби од империјалната поддршка, тоа значеше апартхејд, етничко чистење, воена окупација и геноцид за домородниот народ на Палестина.
Глобалниот југ продолжува да го обвинува Израел за геноцид, чии клучни состојки се цензурата, дехуманизацијата и репресијата.Кампањата за истребување на домородните Палестинци не започна на 7 октомври 2023 година.
Започна во 1948 година кога британската империја во опаѓање и американската империја во подем, основаа огромна воена база среде арапска земја. Двете владејачки класи, манипулирајќи со долготрпеливите, пограмизирани и холокаустирани Евреи од Европа и нивното право на мир и самоопределување, решија својот колонијален проект да го наречат Израел.
Претседателката Мејсон е на погрешната страна на историјата поради целната кампања за репресија. Таа избра да застане со белата надмоќ и доселеничкиот колонијализам. Откако почнав да ја проучувам оваа историја на Блискиот Исток во 1990-те како тинејџер, таа ми ја скрши душата на 1.948 парчиња.
До сите оние кои се обидуваат да ја загрозат нашата слобода на говор и академска слобода: можете да ги преземете нашите работни места и да го напаѓате нашиот јавен углед и егзистенција, но не можете да го земете нашето достоинство и жедта за правда.
Нема молчење
Оваа историја која е активно репресирана секој ден е причината зошто лидер на заедницата и професор како мене мора да биде затворен од насилници соучесници во геноцидот. Пред многумина од нас да бидат мета и доксирани, јас допирав до милиони луѓе преку социјалните мрежи.
Затоа добив низа закани почнувајќи од 20 октомври затоа што се осмелив да кажам дека Газа има право нѐ само да живее, туку и да се спротивставува и да напредува. Непрестајно ме малтретираа во последните два семестри и оттогаш продолжив да го користам својот глас за да се залагам за безгласните.
Кога членот на моето семејство и цимер ги виде заканите кон мене во октомври, тој се исели за 25 минути. 7 октомври го промени мојот однос со многу луѓе околу мене. Кого изневерив? Кој ми го чуваше грбот? Ниту еднаш администрацијата на Керол Мејсон не ме натера да се чувствувам како да имам поддршка да ја направам вистинската работа.
Острацизирањето, односно исклучувањето е цената што ја плаќаме за кажување на вистината пред геноцидната моќ.
Моите социјални мрежи се цензурирани. Преку ноќ, мојот капацитет да достигнам милиони се намали до капацитет да достигнам стотици или можеби илјадници. Може ли да ја користам мојата X сметка повторно за да едуцирам против геноцид? Ќе ми биде ли укината забраната во сенка?
Американското општество повторно ги открива своите вистински бои. Како што нѐ потсетува Блек Америка, 2024 година не се разликува толку од 1492 година, кога Кристофер Колумбо се истовари во „Новиот свет“.
Стоп за лудилото
Не сум единствениот кој се соочил со прогон. ЦУНЈ, исто така, ја отпушти професорката Лиза Хофман-Курода од колеџот Хантер бидејќи една ционистичка студентка се пожали на нејзините објави на социјалните мрежи со кои се осудува геноцидот.
Во меѓувреме, професорот Жаиро Фуњез- Флорез од Тексас Тек Универзитетот (TTУ) е суспендиран бидејќи ја користел својата антиколонијална обука за да зборува и професорката Шелине Родригез е отпуштена. Моќниците веќе долго време го напаѓаа Движењето Бојкотирам, распуштање и санкции.
Ционистичката доминација врз универзитетскиот и новинарскиот живот во САД значи дека секој просветител, студент и писател се плаши да предава и да го каже она што навистина го мисли за веројатно најголемата неправда од Холокаустот 1941-1945 година.
Клеветниците ја негираат оваа реалност и ги обвинуваат антиколонијалните интелекти за антисемитски метафори. Геноцидот нема врска со религијата туку со колонизацијата, окупацијата и кој има право на државност.
Никој во нашето движење не го оспорува правото на сите наши сестри и браќа Евреи и на сите човечки суштества да живеат во мир. Сепак, ние се организираме секој ден против секакво колонијално понижување и окупации.
Имам толку многу прашања за претседателката Мејсон и другите на позиции на моќ низ Соединетите Држави: Дали Палестинците се луѓе? Дали се важни животите на Палестинците? Кога првпат научивте за британската империја и за ционистичката колонизација на Палестина во 1948 година?
Кои се вашите размислувања за геноцидот во кој соучесници се главните медиуми, сè уште шест месеци, криејќи ја реалноста и нарекувајќи ја „Војна Израел-Хамас?
Расистичките, колонизирачки ционисти со нивните американски поддржувачи успеаја да убедат големи делови од Западот дека дури и илјадниците деца дехидрирани, гладни и закопани под урнатините се „терористи“.
Ако некој друг народ, кој доминантните медиуми не го оцрнуваат секој час од секој ден, се истребуваше и јас зборував, дали ќе бев укинат?
Геноцидот продолжува, како и заканите, цензурата и мојата должност да едуцирам. Моето единствено жалење е за нашата колективна неспособност да ја скршиме херметичката информативна и идеолошка контрола што постои во ова општество.
Моето семејство, пријателите и земјата не би го поддржале ова доколку ја знаеле вистината за 76-годишниот геноцид врз Палестинците. Претседателката Кеарол Мејсон повеќе се грижи за тоа што ќе мислат за неа влијателните политичари, одбори на директори и корпорации отколку за истребување на замолчениот, невидлив домороден народ на Блискиот Исток.
Претседателке Мејсон и администрацијата на Џон Џеј: Дали е 2024 или 1492 година? Дали геноцидите ве држат будни ноќе? Милијарди од нас луѓето не спиевме исто од 7 октомври. Затоа напишав Ова е геноцид! Ја носам палестинската кауза и отпор во грлото, градите и битието.
Не жалам. Погребете го моето срце во Газа!
Ќе ми недостигаш, моја фамилија Џон Џеј! (дури и ако нашиот колеџ е именуван по сопственик на робови). Во изминатите 18 години, направив 1.000 грешки, но се вратив и се обидов да го направам сето тоа подобро 1.001 пати. Се обидов да го моделирам понизност, отворент ум и отворено срце. Ќе се бориме, како што не учеле нашите предци, по судовите, синдикатот, медиумите и што е уште поважн таму каде што се развива историјата, на улиците! Се гледаме таму! Не доцни!