Според Алатут, пропалестинското студентско движење е „значајно“ и кажува многу за иднината / Photo: Reuters

Палестинско-американски професор кој беше повреден додека полицајци го држеле на земја за време на неговото апсење на протестите во кампусот на Универзитетот во Висконсин-Медисон, смета дека неговото приведување е расно мотивирано.

„Имаше тројца професори кои беа приведени, и тоа малку насилно, а тројцата сме обоени“, изјави за Анадолу Самер Алатут, вонреден професор по социологија на заедницата и животната средина на Универзитетот, чија слика за насилно апсење беше објавена вирално.

„Значи, легитимно е да се поставие прашањето- дали тоа значи дека има намерно насилство врз луѓето кои не се белци“, прашува тој.

Алатут рече дека мислел оти полицијата целала коннего, додавајќи дека се обидувал да ја задржи својата позиција меѓу полицијата и студентите.

„Мојата улога отсекогаш била да посредувам меѓу студентите и администрацијата...не сум сигурен зошто е таргетирањето“, рече тој.

„Во последните пет месеци веројатно бев еден од навистина клучните гласови на кампусот за деескалација и работев со универзитетската администрација за да се осигурам дека студентите имаат право да зборуваат, а во исто време да бидат почитувани и да нема проблеми какви што се случуваат на другите кампуси“, додаде тој.

За Алатут и за другиот кадар беше „големо изненадување“ што Универзитетот во Висконсин-Медисон, кој е познат по долгата историја на студентски протести за време на движењето за граѓански права, распоредил полиција на кампусот.

Тој истакна дека по насилството во кампусот, универзитетот започнал преговори со студентите од пропалестинскиот камп, слушајќи ги нивните барања, вклучително и раскинување на економските врски со Израел.

„Да се надеваме дека администрацијата ќе ги послуша барањата на студентите и се ќе се врати во нормала“, додаде тој.

По неговото апсење, Алатут рече: „она што се случува всушност е истото она што се случуваше во последните неколку месеци на американските кампуси, а тоа е дека администрациите на различните универзитети се чини дека мислат оти распоредувањето воена сила или милитаризирањето на кампусите е патот по кој треба да одат за да се замолчат студентите“.

„Институцијата, универзитетот, треба да го отслика целиот мозаик на она што го сочинува...и се разбира, многу од студентите, префосорите и персоналот, исто така, не се гледаат себеси одразени во идентитетот на институцијата кога таа институција ја поддржува или инвестира во компании кои произведуваат војна и смрт“, рече тој за пропалестинските протести низ универзитетите во САД.

Алатут рече дека тој и другите членови на факултетот одлучиле да ги поддржат студентите минатиот понеделник и да се обидат да ги заштитат од какво било распоредување на полиција додека тие се приклучуваат на националните пропалестински протести низ американските кампуси.

„Универзитетската администрација два дена не разговараше со студентските демонстранти и во средата повика полиција на кампусот“, се сеќава Алатут.

„Јас како член на факултетот навистина сериозно ја сфаќам идејата дека сум таму, во најголем дел, за да ги заштитам правата на студентите- академски, социјално, емоционално, па дури и физички ако дојде до тоа“, рече тој.

„Застанав со нив, обидувајќи се да ги заштитам“, рече тој.

Речиси 2.500 луѓе, вклучително и студенти, беа уапсени од американските власти за време на пропалестинските демонстрации, при што демонстрантите бараат универзитетите да се дистанцираат од Израел и да ја осудат војната во Газа, каде што беа убиени повеќе од 34.700 луѓе.

Демонстрациите низ целата земја добија замав минатиот месец откако Универзитетот Колумбија побара од полициската управа во Њујорк насилно да истера група студенти кои организираа камп на тревникот на кампусот. Над 100 луѓе беа уапсени, но демонстрантите брзо се адаптираа и формираа уште еден камппред да бидат насилно отстранети минатиот вторник од тоа место, како и од зградата што ја окупираа.

Студентите во други земји, вклучувајќи ги Канада, Австралија, Франција и Египет, исто така организираа демонстрации на универзитетите во знак на солидарност со Палестина.

Според Алатут, пропалестинското студентско движење е „значајно“ и кажува многу за иднината.

„Мислам дека студентите кои учествуваат во него се навистина мултинационални, мултиетнички, мултирелигиозни“, рече тој.

„Она што ни покажува е дека младите генерации градат нов начин на припадност една кон друга, нов начин на гледање на светот во кој правдата, еднаквоста, љубовта и почитта, мирниот соживот, дискурсот, слободата и слободата за секого се навистина важни елементи. Кампот е студентска активност и е прекрасен, мирен, неверојатно прекрасен. Гради нов свет. Ни покажува како е можен нов свет“, додаде тој.

„Се разбира, луѓето овде навистина не го препознаа тоа и не мораа нужно да знаат за степенот на насилство што го прават израелскиот геноцид и израелскиот апартхејд и израелскиот доселенички колонијализам во последните 75 години“, рече тој, обвинувајќи го известувањето на американските медиуми.

Тој рече дека луѓето во САД почнале да се сомневаат во „етичките рамки“ на американската надворешна политика и зошто нивната земја му дава на Израел 3,3 милијарди долари секоја година.

AA
Популарни