За прием во членство потребни се најмалку девет гласа во Советот за безбедност на ОН, без вето од САД, Русија, Кина, Франција или Велика Британија. / Photo: AA Archive

Претседавачот на Советот за безбедност на Обединетите нации, амбасадорката на Малта во ОН, Ванеса Фрејзи, денеска го проследи барањето на Палестина да стане полноправна членка на Светската организација до надлежниот Комитет за прием на нови членки.

Фрејзер предложи Комитетот да се состане денеска за да го разгледа барањето, нагласувајќи дека дискусијата мора да се одржи овој месец, додека Малта претседава со Советот за безбедност на ОН.

„Искрено се надеваме дека по 12 години стекнување статус на држава набљудувач, во Советот за безбедност ќе се постигне консензус за решение за две држави со прием на Палестина во полноправно членство во ОН“, рече палестинскиот претставник во ОН Ријан Мансур на брифинг со новинарите по средбата.Ријад Мансур.

Минатата недела палестинските власти официјално побараа Советот за безбедност да го преиспита барањето од 2011 година Палестина да стане полноправна членка на ОН.

За време на седницата, 15-члениот Комитет прво го оценува барањето и утврдува дали земјата кандидат ги исполнува условите за прием во членство во ОН, а потоа донесува одлука или да го одложи приемот или да го испрати до Советот за безбедност на формално гласање.

За прием во членство потребни се најмалку девет гласа во Советот за безбедност на ОН, без вето од САД, Русија, Кина, Франција или Велика Британија.

Палестинскиот претставник во ОН Ријад Мансур минатата недела изјави дека целта е да се донесе одлука на министерскиот состанок на 18 април, кој ќе биде посветен на Блискиот Исток.

Амбасадорот на Израел во ОН, Гилад Ердан, изјави претходно денеска дека палестинската држава ќе претставува закана за националната безбедност на Израел.

Палестина има статус на држава набљудувач во ОН, како и Ватикан.

TRT Balkan / агенции
Популарни