Нема достапни информации за механизмот за истовар на помошта од бродот и нејзиното дистрибуирање до Палестинците / Photo: AA

Брод со очајно потребните залихи на храна денес стигна до брегот на Газа, изјавија очевидци, по три дена откако исплови од пристаништето Ларнака на Администрацијата на кипарските Грци.

Бродот на „Опен Армс“ влечеше карго со 200 тони храна обезбедени од хуманитарната организација „Ворлд Централ Кичен“ со седиште во САД.

Мисијата за помош, наречена Операција „Сафина“, има за цел да отвори поморски коридор за помош предложен од Администрацијата на кипарските Грци, а поддржан од Велика Британија, Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

Нема достапни информации за механизмот за истовар на помошта од бродот и нејзиното дистрибуирање до Палестинците во северниот дел на Појасот Газа.

Израел ја започна својата смртоносна офанзива врз Газа по прекуграничниот упад на Хамас на 7 октомври 2023 година. Во израелските напади оттогаш загинати се над 31.000 Палестинци, а воведената блокада од Израел ја доведе енклавата на работ на глад, и предизвика масовна деструкција и раселување.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремената одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејствија и да преземе мерки за да се гарантира хуманитарната помош да стигне до цивилите во Газа.

САД одделно најавија изградба на привремено пристаниште на брегот на Газа за да се овозможи испорака на хуманитарна помош во голем обем.

AA
Популарни