Јапонското Министерство за здравство, труд и благосостојба објави статистички податоци во врска со зголемената постара популација во земјата.
Забележано е дека населението на возраст над 100 години последователно се зголемува 54 години. Заклучно со септември, во Јапонија има 95.119 лица постари од 100 години.
Првпат во историјата на Јапонија популацијата на „оние што надминале еден век“ надмина 95.000. Во споредба со ланските податоци, бројката е зголемена за 2.980 Јапонци. Забележано е дека меѓу лицата што се постари од 100 години 83.958 се жени, а 11.161 се мажи.
Портпаролот на јапонското Министерство на оваа тема соопшти:
„Ќе се стремиме да ги зголемиме услугите за социјална заштита, вклучително лекарска и медицинска нега, за да може старите лица да продолжат да живеат удобно во своите заедници.“
Во Јапонија, податоците за населението на „оние чиј живот надминал еден век“ почнаа да се запишуваат првпат во 1963 година.
Познато е дека населението во Јапонија, каде што живеат приближно 125 милиони, има долг животен век. Најстариот жив човек на Земјата, 116-годишната Итока Томико, живее во Јапонија.