Путин доби 87,29 отсто од гласовите на претседателските избори во Русија / Photo: AA

Владимир Путин доби 87,32 отсто од гласовите на тридневните претседателски избори во Русија, со преброени 99,75 отсто од гласачките ливчиња, изјави шефот на изборната власт на земјата.

Ела Памфилова, шефица на руската Централна изборна комисија, за време на прес-конференцијата во Москва рече дека Путин добил 75,9 милиони гласови на изборите.

Таа додаде дека на гласачките места гласале 87,1 милиони луѓе, што претставува рекордна излезност од 77,44 отсто, надминувајќи го претходниот максимум од 74,66 отсто на претседателските избори во 1991 година.

„За време на тридневното гласање беа извршени повеќе од 12 милиони кибернапади врз ресурсите на Централната изборна комисија“, додаде Памфилова.

Понатаму таа рече дека најблискиот конкурент на Путин, Николај Харитонов, поддржан од Комунистичката партија на Русија, добил 4,3 отсто од гласовите, Владислав Даванков од партијата Нови народи добил 3,84 отсто, а по него е кандидатот на Либерално-демократската партија на Русија, Леонид Слуцки, со 3,21 отсто.

„Централната изборна комисија ќе ги сумира резултатите од претседателските избори на 21 март“, додаде Памфилова.

TRT Balkan / агенции
Популарни