Путин рече дека останува на сила поканата до Абас да ја посети Русија / Photo: AA

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот телефонски го информирал својот палестински колега Махмуд Абас за чекорите што Москва ги презема за да помогне во деескалацијата на конфликтот во Газа и да обезбеди непречена испорака на хуманитарна помош до оние на кои им е потребна.

Кремљ соопшти дека Путин ветил дека Русија ќе продолжи да испорачува хуманитарна помош до опколената енклава, вклучувајќи лекови и медицинска опрема.

„Нагласена е важноста од што поскоро прекинување на крвопролевањето и продолжување на политичкиот процес за блискоисточното решавање на општо признатата меѓународна правна основа, која предвидува формирање на државата Палестина во границите од 1967 година. Во оваа контекст, руската страна изрази поддршка за напорите на палестинското раководство предводено од Махмуд Абас“, се наведува во соопштението.

Путин и Абас ја изразија својата заедничка намера за дополнително зајакнување на пријателските руско-палестински односи.

Путин рече дека останува на сила поканата до Абас да ја посети Русија, што може да се спроведе во заемно прифатливо време.

Израел го нападна Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври, при што загинаа најмалку 20.057 Палестинци, главно жени и деца, а беа ранети 53.320 луѓе.

AA
Популарни