Путин изјави дека Русија направи се што може за да го зајакне БРИКС за време на нејзиното претседавање со асоцијацијата / Photo: AA

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија направи се што може за да го зајакне БРИКС за време на нејзиното претседавање со асоцијацијата.

„Во текот на годините на нашата заедничка работа, авторитетот на нашето здружение и неговото влијание се зголемија и имаме намера дополнително да ја зајакнеме оваа организација - направивме се што зависи од нас, за време на нашето претседателство за да биде така“, изјави Путин за време на средбата со кинескиот претседател Кси Џинпинг на маргините на самитот на БРИКС.

Рускиот лидер истакна дека Москва го цени традиционално високото ниво на руско-кинеска интеракција во БРИКС и дека Русија и Кина успешно спроведуваат заеднички проекти во областа на транспортот, енергетиката и земјоделството.

„Успешно спроведуваме заеднички проекти во енергетиката, индустријата, високата технологија, транспортот, земјоделството и многу други области“, рече Путин.

Кинескиот претседател изјави дека сериозните потреси на меѓународната сцена нема да можат да ја разнишаат неповредливоста на односите меѓу Кина и Русија.

„Во контекст на тектонските трансформации невидени цел век, меѓународната ситуација доживува сериозни потреси, но тоа не може да ја разниша мојата верба во неповредливоста на стратегискиот избор на двете земји во корист на цврстата меѓусебна поддршка, длабокото вековно пријателство меѓу нашите земји и неповредливоста на чувството за должност како големи сили“, рече Кси.

Тој посочи дека односите меѓу Кина и Русија не се насочени против трети земји.

„Тргнавме по вистинскиот пат за градење односи меѓу големите сили врз принципите на независнот, неконфронтација и ненасочување кон трети страни, вие и јас секогаш посветуваме зголемено внимание на кинеско-руските односи“, рече Кси.

Според неговите зборови, двете земји се „посветени на духот на вечно добрососедство и пријателство, сеопфатна стратешка интеракција и соработка“.

Во Казан од 22 до 24 октомври се одржува самитот на БРИКС со учество на шефови на држави.

TRT Balkan / агенции
Популарни