Путин нема да присуствува на Самитот на БРИКС во Јоханесбург / Photo: AA Archive

Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на Самитот на земјите на БРИКС во Јоханесбург што е закажан за следниот месец, потврди претседателот на Јужноафриканската Република.

„Според меѓусебниот договор, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, нема да присуствува на Самитот, но Руската Федерација ќе ја претставува министерот за надворешни работи Сергеј Лавров“, соопшти Кабинетот на претседателот Кирил Рамафоса.

Во март оваа година Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за приведување на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го дека е одговорен за воените злосторства извршени во Украина.

Јужноафриканската Република е потписничка на Римскиот статут со кој е воспоставен Судот и како членка на Меѓународниот кривичен суд теоретски би била обврзана да го приведе Путин.

БРИКС е блок на економии во развој, чие име доаѓа од првите букви на земјите Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканска Република.

Ќе бидат присутни лидерите на сите земји, освен на Русија.

Рамафоса вчера пред Судот изјави дека приведувањето на Путин доколку ја посети земјата заради Самитот би значело објавување војна на Русија.

TRT Balkan / агенции
Популарни