Путин му посака на иранскиот народ успех на претстојните претседателски избори / Фото: Reuters

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараше со Мохамед Мокбер вршителот на должноста претседател на Иран .

Разговорот беше фокусиран на односите меѓу двете земји на различни полиња, се наведува во соопштението од Кремљ.

За време на повикот, двете страни изразија задоволство од развојот на соработката во енергетскиот сектор и реализацијата на големи инфраструктурни проекти.

Путин му посака на иранскиот народ успех на претстојните претседателски избори, истакнувајќи дека односите меѓу Русија и Иран ќе продолжат да се развиваат.

По смртта на иранскиот претседател Ибрахим Раиси во хеликоптерска несреќа на 19 мај, одлучено е да се одржат претседателски избори во Иран на 28 јуни.

AA
Популарни