Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Украина се обидува да ја подобри својата позиција во идните преговори со нејзиниот упад во пограничниот регион Курск од минатата недела.
„Очигледно, непријателот, со помош на своите западни господари, ја исполнува нивната волја, а Западот се бори со нас со рацете на Украинците. Значи, очигледно, непријателот се стреми да ги подобри своите преговарачки позиции во иднина“, рече Путин за време на состанокот на Советот за безбедност на Русија.
Сепак рускиот претседател праша за какви преговори можеме да се зборува со луѓе кои како што рече неселективно напаѓаат цивили, цивилна инфраструктура или се обидуваат да создадат закани за нуклеарните постројки.
Путин рече дека целта на упадот на Киев е и да го запре напредувањето на Москва во источна Украина, додавајќи дека главната задача на руските сили е да ги истераат украинските војници од нејзината територија.
Според него, офанзивата на Русија во источниот дел на Украина е зголемена за еден и пол пати, а војската на земјата напредува по целата линија на фронтот.
Тој продолжи да тврди дека друга цел на упадот на Украина е сеење раздор, како и заплашување на луѓето и уништување на единството и кохезијата на руското општество.
„Загубите на украинските вооружени сили драстично се зголемуваат, вклучително и меѓу најподготвените единици и дивизии што непријателот ги пренесува на нашата граница“, додаде Путин.
Украинските власти се уште не ги коментирале изјавите на Путин.
Минатиот вторник Русија соопшти дека украинските војници, вклучително и тенкови и оклопни борбени возила, ги нападнале нејзините воени позиции во близина на две погранични населби во областа Курск.
Оттогаш, Москва извести дека одбива упади во пограничниот регион од страна на украинските сили, покрај тоа што се спротивставува на воздушните напади врз Курск и околните региони.
На 7 август Путин го обвини Киев за провокација од големи размери“ и „неселективно пукање. Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленскиј подоцна ги коментираше наводите, велејќи: „Русија ја донесе војната во нашата земја и треба да почувствува што направила“.