Зголемен е бројот на жртвите од катастрофалните пожари кои речиси една недела беснеат во поширокото подрачје на Лос Анџелес.
Најмалку 24 лица загинаа, а десетици се водат како исчезнати. Не се гледа крајот бидејќи се очекува ново засилување на ветерот.
Канцеларијата на судскиoт вештак во округот Лос Анџелес објави список на жртви, вклучувајќи осум лица загинати во пожарот во Пацифички Палисади и 16 лица загинати во пожарот во Итон.
И покрај предупредувањата дека секој обид да се оди во областа на пожарот е ризичен, многу луѓе кои беа принудени да ги напуштат своите домови се собираат на контролните пунктови управувани од полицијата, надевајќи се дека ќе добијат шанса да ја видат состојбата на нивните домови.
„Наш заеднички приоритет е да ги вратиме луѓето дома што е можно поскоро“, рече тој на прес-конференција, додавајќи дека тоа нема да биде можно до среда, поради предвиденото засилување на ветровите.Бидете уверени, во четврток, дискусијата за враќање на луѓето во нивните домови ќе биде приоритет“, рече шефот на пожарникарите во Лос Анџелес, Ентони Мароне.
Некои жители чекаа во ред 11 часа за да бидат придружувани за брза обиколка на нивните домови во евакуираната област.
Шефот на противпожарната служба рече дека ќе се постави систем кој ќе им овозможи на жителите да проверат на интернет дали нивните домови се уништени или оштетени.
Во моментов има околу 100.000 евакуирани лица, што е значително помалку во споредба со околу 180.000 претходните денови.
Вкупните штети и економски загуби предизвикани од шумските пожари во Јужна Калифорнија се проценуваат на 250 до 275 милијарди долари, соопшти денеска метеоролошката компанија АкуВедер (АcuuWeather).
Прелиминарните проценки го надминуваат обемот на штетите од сезоната на пожари во 2020 година, рече главниот метеоролог на компанијата, Џонатан Портер, предупредувајќи дека шумските пожари во областа Лос Анџелес би можеле да станат најлошите во модерната историја на Калифорнија ако изгорат уште објекти.
Некои од најскапите недвижнини во САД се наоѓаат на потегот од Малибу до Санта Моника, а многу куќи во таа област вредат неколку милиони долари.