Судот одговори дека нема надлежност да одлучува по такво барање и го препрати случајот до Апелациониот суд во Букурешт / Photo: Reuters

Независниот претседателски кандидат Калин Ѓорѓеску денеска поднесе жалба до Вишиот касациски суд на Романија (ЦЦЈ) со која ја оспорува одлуката на Централната изборна комисија за повторување на претседателските избори, откако Уставниот суд ги поништи резултатите од првиот круг на гласање.

ЦЦЈ одговори дека нема надлежност да одлучува по такво барање и го препрати случајот до Апелациониот суд во Букурешт.

Ѓорѓеску, кој освои најмногу гласови во првиот круг од изборите, освен изборната комисија тужеше уште неколку институции: Министерството за одбрана, Генералштабот, Владата, Обвинителството, Уставниот суд, Разузнавачката служба, како и претседателот Клаус Јоханис и неговата ривалка на изборите Елена Ласкона.

Уставниот суд на Романија на 6 декември ги поништи резултатите од првиот круг на претседателските избори бидејќи утврди дека Ѓорѓеску ги прекршил правилата за финансирање на кампањата, бидејќи пријавил до изборната комисија дека не потрошил пари за тоа, а утврдено е дека неговата кампања е финансирана на ТикТок од извесен Богдан Пешчир во износ од еден милион евра.

Објавени се и документи, според кои изборниот процес бил под влијание на моќната руска кампања на хибридни напади.

TRT Balkan / агенции
Популарни