Романскиот претседател Јоханис кандидат за генерален секретар на НАТО

Романскиот претседател Јоханис кандидат за генерален секретар на НАТО

Тој тврди дека Романија е столб на стабилноста и безбедноста во регионот
Клаус Јоханис влегува во трката за прв човек на НАТО / Photo: AA

Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО.

„Одлучив да учествувам во конкуренција за позицијата генерален секретар на НАТО и ја преземам оваа кандидатура со целосна одговорност во име на Романија“, рече тој во видеото објавено на X.

Тој тврди дека Романија е столб на стабилноста и безбедноста во регионот.

„Време е да преземеме уште поголема одговорност во евроатлантското раководство“, рече Јоханис.

Тој остана на ставот дека Романија претрпе радикални трансформации во последните 20 години и може да придонесе за формирање на нова визија за НАТО.

„Ние имаме длабоко разбирање, вклучително и од перспектива на историските предизвици со кои се соочува нашиот регион, за актуелната безбедносна ситуација, создадена од војната на Русија против Украина. Во исто време, верувам дека и на НАТО му треба обновување на перспективата за својата мисија“, рече Јоханис.

Премиерот Николае Јонел Чиука најави поддршка за кандидатурата на Јоханис.

„Посакувам тој да стане првиот источноевропски лидер кој ја извршува оваа функција“, напиша тој на X.

Јоханис стана првиот официјален кандидат за наследник на Јенс Столтенберг, кој ја предводеше алијансата од 2014 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни