Русија ја затвори кривичната постапка против шефот на групата Вагнер / Photo: AA Archive

Надлежните институции на Руската Федерација ја затворија кривичната постапка против Евгениј Пригожин, шефот на платеничката група Вагнер, која се побуни против руската администрација.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во соопштението наведе дека на 23 јуни е подигната кривична постапка против Пригожин за вооружен бунт против руската администрација.

Во соопштението се наведува дека бунтовниците се откажале од своите „криминални“ дејствија на 24 јуни.

„Земајќи ја предвид ситуацијата за која станува збор и другите важни услови за истражниот процес, одлучено е да се затвори кривичната постапка на 27 јуни“, соопшти ФСБ.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во тек се подготовки за предавање на воената опрема на Вагнер на единиците на Руските вооружени сили.

TRT Balkan / агенции
Популарни