Русија изведе воздушни напади во повеќе делови на Украина / Photo: AA Archive

Украинскиот Генералштаб соопшти дека руската војска извела интензивни ракетни и напади со беспилотни летала на повеќе места низ Украина.

Наведено е дека според првичните податоци уништени се 28 од 30 беспилотни летала „Шахед“ лансирани од Русите.

„Окупаторите употребија седум проектили С-300 во и околу Запорожје“, се вели во соопштебието на украинскиот Генералштаб.

Се наведува дека во последните 24 часа руските сили извршиле 45 воздушни напади врз позиции на украинската војска и населени места.

Потврдија дека има повредени цивили и дека нападите биле насочени кон Лиман, Бахмут, Авдијивка и Маринка.

Началникот на Воената управа на Киев, Сергеј Попко, рече дека тревогата за воздушен напад во украинскиот главен град траела повеќе од три часа.

Наведено е дека немаат информации за човечки жртви или предизвикана штета.

„Речиси 20 непријателски цели се уништени во воздушниот простор околу Киев од страна на нашите сили за воздушна одбрана“, додаде Попко.

TRT Balkan / агенции
Популарни