Русија: Казна за Википедија од два милиони рубљи     Фото: АА

Судот во Русија на Фондацијата Викимедиа, сопственикот на платформата Википедија, ѝ одреди парична казна од два милиони рубљи (околу 32.700 евра), поради тоа што не избришала лажни информации.

Предметот го покрена Агенцијата за научни технологии и надзор на масовни медиуми (Роскомнадзор) против Фондацијата Викимедиа, за кој одлучуваше судот во Москва.

Судот наведе дека на Википедија не се избришани лажни информации за руската војска, како и дека тужениот не се придржувал до законот поради што на Фондацијата Викимедиа ѝ е одредена парична казна од два милиони рубљи.

На Википедија претходно од слични причини ѝ е одредена парична казна од пет милиони рубљи (околу 81.800 евра).

TRT Balkan / агенции
Популарни