Русија не исплати обврски за државен долг, за првпат по 1918 година     Фото: Reuters

Се чини дека Русија нема да може да исплати обврски за државниот долг, што е за првпат по 1918 година.

Земјата го пропушти 30-дневниот грејс-период до неделата навечер да го подмири долгот од 100 милиони долари на две еврообврзници првично доспеани на 27 мај, објави Блумберг во понеделникот наутро.

Кремљ постојано вели дека нема основа Русија да не ги плати обврските, но таа не е во можност да испрати пари до сопствениците на обврзници поради санкциите, обвинувајќи го Западот дека се обидува да ја доведе до „вештачко неисполнување на обврските“.

Руското Министерство за финансии соопшти дека ги извршило плаќањата на копнениот Национален депозитар за порамнувања (НСД) во евра и долари, додавајќи дека ги исполнила обврските.

Но, на почетокот на јуни Европската унија воведе санкции за НСД, назначениот агент на Русија за нејзините еврообврзници.

Москва во последниве денови се трудеше да најде начини да се справи со претстојните плаќања и да го избегне она што би било нејзино прво големо неплаќање на меѓународните обврзници од болшевичката револуција, пред повеќе од еден век.

Претседателот Владимир Путин минатата среда потпиша декрет за започнување на привремени процедури и на Владата и даде десетдневен рок да избере банки кои ќе ги извршуваат плаќањата според новата шема, сугерирајќи дека Русија ќе смета дека нејзините должнички обврски се исполнети кога ќе им исплати на сопствениците на обврзници во рубли.

TRT Balkan / агенции
Популарни