Русија по 47 години испрати вселенски брод на Месечината

Русија по 47 години испрати вселенски брод на Месечината

Леталото би требало да слета на јужниот пол на Месечината на 21 август
Русија по 47 години испрати вселенски брод на Месечината / Photo: AA Archive

Русија прати вселенско летало на Месечината првпат од 1976 година, во потрага по извор на вода на сателитот на Земјата.

Руската Федерална вселенска агенција (Роскосмос) ја лансира ракетата Сојуз 2.1в што го носеше вселенското летало Луна-25. Лансирањето е изведено од вселенската база „Восточни“, 5.500 километри источно од главниот град Москва.

Како што Луна-25 влегува во орбитата на летот по успешното лансирање, леталото би требало да слета на јужниот пол на Месечината на 21 август.

Луна-25, која ќе спроведува истражувања на Месечината околу една година, има мисии за истражување на ефектите на космичките зраци и електромагнетните емисии на површината на Месечината, како и да бара извори на вода.

Челникот на Роскосмос, Јуриј Борисов, рече дека Луна-25 е пратена на Месечината за мирољубиви цели и дека планираат да пратат вселенски летала на Месечината во 2027, 2028 и 2030 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни