Русија: Спречен украински напад со дрон на Подмосковље

Русија: Спречен украински напад со дрон на Подмосковље

Беспилотното летало го собориле руските системи за противвоздушна одбрана
Русија: Спречен украински напад со дрон на Подмосковље / Photo: AA Archive

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека е спречен обид на Украина со дрон да ја нападне московската област.

„Ова утро е спречен обид киевскиот режим со дрон да изведе терористички напад на објекти во Подмосковље“, наведе руското Министерство.

Во соопштението се наведува дека беспилотното летало го собориле руските системи за противвоздушна одбрана, додавајќи дека во нападот нема загинати ниту е предизвикана материјална штета.

„Непријателското беспилотно летало се обиде синоќа да изведе напад, но соборено е од страна на силите на Министерството за одбрана. Нема загинати ниту е предизвикана штета“, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Москва, Сергеј Собјањин.

TRT Balkan / агенции
Популарни