Комисија на руските воздухопловни сили работи на местото на падот / Фото: Reuters

Веон хеликоптер Ми-28 се урна во руската област Калуга рано во четвртокот, при што сите членови на екипажот во леталото загинаа.

Во соопштението на руското Министерство за одбрана се вели дека хеликоптерот извршувал редовен лет пред да се урне во напуштена област во регионот, чиј североисточен дел граничи со главниот град Москва.

Во соопштението понатаму се вели дека прелиминарните информации сугерираат дека несреќата е предизвикана поради техничка неисправност.

Исто така, се вели дека комисија на руските воздухопловни сили во моментов работи на местото на падот на хеликоптерот.

Во соопштението не се наведува бројот на членовите на екипажот во воздухопловот.


AA
Популарни