Руските сили изведоа ракетни напади на неколку градови во Украина

Руските сили изведоа ракетни напади на неколку градови во Украина

Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека се лансирани 40 крстосувачки ракети.
Руските сили изведоа ракетни напади врз неколку градови во Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев.     Фото: АА

Руските сили изведоа ракетни напади врз неколку градови во Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев.

Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина ѝантон Герашченко на социјалната мрежа Твитер соопшти дека руските сили врз Украина извеле напад со крстосувачки ракети.

„Утрово на Украина се лансирани 40 руски крстосувачки ракети“, објави Герашченко.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм соопшти дека нападот е изведен на клучната инфраструктура поради што дојде до прекин во напојување со електрична енергија во делот на градот.

Тој додаде дека надлежните екипи работат на терен.

Како последица на нападите причинета е штета на инфраструктурата, особено кога е во прашање енергетскиот сектор.

Локалните медиуми известија дека експлозиите се слушнале и во градовите Запорожје, Кировград, Харков и Одеса.

Украинските официјални лица соопштија дека се вклучени системите за воздушна одбрана.

TRT Balkan / агенции
Популарни