Претседателот на Русија Владимир Путин потпиша декрет со кој на странците ангажирани во руската војска им се овозможува да аплицираат за руско државјанство / Photo: АА

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ за давање државјанство на странци кои се ангажирани во руската војска од почетокот на војната во Украина.

Во декретот, објавен на владиниот портал, се вели дека странските државјани кои склучиле договор со вооружените сили или други воени формации од почетокот на „специјалната воена операција“ во февруари 2022 година, ќе имаат право да аплицираат за руско државјанство.

Ќе можат да се пријават и војниците кои во овој период биле отпуштени од војската, а исто така ќе можат да се пријават и брачните другари и децата на оние кои имаат право да аплицираат.

TRT Balkan / агенции
Популарни