НАТО внимателно ги следи случувањата во Јужна Кореја, каде што претседателот Јун Сук Јеол не успеа во обидот да воведе воена состојба и сега се соочува со отповикување, изјави денес Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Република Кореја е важен партнер на НАТО и затоа внимателно го следиме развојот на настаните што сега се случуваат во Сеул и пошироко во Јужна Кореја“, изјави Руте за новинарите по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Брисел.
„Мислам дека најавата за крај на воената состојба укажува на постојаната посветеност на Јужна Кореја за владеење на правото“, додаде тој.
Одговарајќи на прашањето дали најновите случувања во Сеул ќе влијаат врз нејзините односи со НАТО, Руте рече: „Јужна Кореја е силен поддржувач на Украина и очекувам дека ќе остане така, а нашето партнерство со Сеул се продлабочи како што се зголемуваа глобалните закани последниве неколку години и пофалби за Република Кореја за нејзината значајна политичка и практична поддршка на Украина.“
Тој изјави дека односот меѓу НАТО и Јужна Кореја е цврст.
Доцна синоќа претседателот Јун прогласи воена состојба во земјата откако ја обвини главната опозициска партија дека сочувствува со Северна Кореја, како и за антидржавни активности. Сепак, потегот беше брзо отфрлен од Парламентот.