САД: Ја цениме улогата на Туркије за крај на руско-украинската војна / Photo: AA

Соединетите Држави многу ја ценат улогата што Туркије ја одигра во напорите да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина, изјави во четвртокот портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

„Многу ја цениме конструктивната улога која Туркије ја одигра во обид да се запре оваа варварска работа“ рече Прис на прес-конференција.

Тој додаде дека САД ја ценат цврстата посветеност на Туркије на територијалниот интегритет на Украина и нејзините напори да поттикне дијалог помеѓу Украина и Русија.

Прајс истакна дека на рускиот претседател Владимир Путин е да го послуша повикот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и другите колеги ширум светот да се стави крај на војната.

„Делата говорат повеќе од зборовите. Ќе судиме што Русија прави, врз основа на нејзините акции“, рече тој.

Прајс исто така ја пофали Туркије поради тоа што е „конструктивен играч“ во напорите да се запре војната и да се поттикне „значајна дипломатија“ со одделнни разговори со руските и украинските лидери.

Освен тоа, укажа на улогата на Туркије во договорот со Обединетите нации и Русија за извозот на жито од украинските пристаништа.

„Можеме да се вратиме на летото, кога Туркије, заедно со генералниот секретар на ОН, беше движечката сила, пред сè, за создавањето и на крајот обновувањето на иницијативата за жито во Црното Море. Без улогата што ја одигра Туркије, тој механизам можеби немаше да биде обновен“, рече тој.

Истакна дека Туркије во текот на судирите во Украина, покрај добрите односи со меѓународната заедница како членка на НАТО, се обидуваше да ги искористи своите односи со Киев и Москва за да се унапредат шансите за мир.

„На крајот на краиштата, тоа не е неуспех на Анкара, тоа е неподготвеност на Москва да ги послуша повиците на Туркије и другите држави“, додаде Прајс.

AA
Популарни