Според веб-страницата за следење на бродовите „Марине Трафик“, последната снимена локација на бродот била кај Хургада / Photo: Reuters

Египетските власти во понеделникот објавија дека 28 лица се спасени откако туристички брод потона во близина на брегот на Црвеното Море.

Бродот превезувал 45 лица, меѓу кои 31 турист и 14 членови на екипажот, на нуркачко патување кога несреќата се случила во близина на крајбрежниот град Марса Алам во понеделникот рано наутро.

„Дваесет и осум лица беа спасени“, изјави гувернерот на Црвеното Море Амр Ханафи, без да ја прецизира нивната националност.

Тој додаде дека се уште се трага по 17 исчезнати лица.

Ханафи рече дека фрегата и авион ја пребаруваат областа за други преживеани, во координација со поморските сили.

Бродот Морска Приказна (Sea Story) го напушти пристаништето Порто Галиб на 24 ноември и замина на нуркачко патување, а требаше да се врати во марината во Хургада на 29 ноември.

Но утрово околу 5:30 часот по локално време, член на екипажот испратил сигнал за помош одбродот, кој потоа исчезнал од радарот и контактот бил изгубен.

Според веб-страницата за следење на бродовите „Марине Трафик“, последната снимена локација на бродот била кај Хургада.

Коралниот гребен и морскиот свет го прават Црвеното Море во Египет популарна дестинација за нуркање.

TRT Balkan / агенции
Популарни