Белата куќа во четвртокот ја отфрли одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант.
„САД суштински ја отфрлаат одлуката на Судот за издавање налози за апсење на израелски официјални лица. Остануваме длабоко загрижени поради брзањето на обвинителот да бара налози за апсење и вознемирувачките процедурални грешки што доведоа до оваа одлука“, изјави за АА портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа.
Тој додаде дека САД биле јасни дека МКС „нема јурисдикција над оваа работа“.
„Во координација со партнерите, вклучително и Израел, разговараме за следните чекори“, додаде тој.
Меѓународниот кривичен суд во четвртокот објави дека издал налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за наводни воени злосторства извршени на палестинските територии, вклучувајќи го и Појасот Газа.
Израел, како и САД, не е член на МКС, но Светскиот суд рече дека израелското прифаќање на неговата јурисдикција не е неопходно.
Обвинетите ќе бидат предмет на апсење доколку патуваат во некоја од повеќе од 120 земји кои се членки на МКС.
Налозите за апсење доаѓаат повеќе од една година по почетокот на израелската смртоносна офанзива на Појасот Газа во која загинаа околу 44.000 Палестинци, главно жени и деца, а повеќе од 103.000 беа повредени од 7 октомври минатата година.
Израелските напади доведоа дораселување на речиси целото население на териториите во услови на постојана и намерна блокада што доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови, туркајќи го населението на работ на глад.