Се разговара и за алтернативни рути за достава на помошта/ Фото: AA

Централната команда на Соединетите држави (ЦЕНТКОМ) соопшти дека од 22 мај преку привременото пристаниште во Газа биле испорачани 820,5 тони хуманитарна помош.

„Персоналот на Централната команда на САД продолжува да се здружува со УСАИД и ОН за да достави помош до луѓето во Газа преку привременото пристаниште “, соопшти ЦЕНТКОМ на X.

Минатиот петок ЦЕНТКОМ објави дека камионите со хуманитарна помош почнале да доставуваат до брегот, а потоа и кон цивилното население во Газа.

Официјален претставник на ОН во вторникот рече дека хуманитарната помош се пренесува до Газа од саботата наваму, откако толпи сиромашни луѓе пресретнаа камиони, што го отвори патот за дискусија за нови рути за испорака на помошта.

„Во петокот имаше околу 10 камиони што се пробија“, изјави портпаролот Стефан Дужарик.

Пентагон, исто така, во вторникот објави дека имало дискусии меѓу САД, Израел и ОН, како и заеднички напори да се идентификуваат алтернативни рути за безбедно движење на персоналот и хуманитарната помош.

AA
Популарни