Соединетите Американски Држави (САД) повторно започнаа со воздушни испораки на хуманитарна помош, кои некои време беа запрени поради израелските операции на северот на опколениот Појас Газа.
„Централната команда на САД на 9 јуни 2024 година спроведе хуманитарна воздушна операција во северниот дел на Газа за да обезбеди основна помош за цивилите погодени од тековниот конфликт во Газа“, се вели во соопштението на ЦЕНТКОМ.
Наведено е дека авионот Ц-130 од американското воено воздухопловство испуштил повеќе од 10 тони готови оброци во северниот дел на Газа, а се вели дека САД досега фрлиле повеќе од 1.050 тони хуманитарна помош по воздушен пат, покрај помошта испорачана преку Заедничкиот крајбрежен логистички механизам (ЈЛОТС).
САД ја прекинаа хуманитарната воздушна помош на 7 јуни поради израелските операции во северниот дел на Појасот Газа.