Милиони луѓе се без струја во Флорида, Џорџија и Северна Каролина / Photo: Reuters

Најмалку шест лица загинаа во несреќи предизвикани од ураганот „Хеленa“, чија сила сега е намалена на интензитет на тропска бура, а милиони се без струја во Флорида, Џорџија и Северна Каролина, објавија локалните медиуми.

Националниот центар за урагани потврди дека „Хелена“ го погоди северозападниот брег на Флорида со ветрови до 225 километри на час. Моќното невреме донесе силен ветер и обилни врнежи низ регионот.

На копно во регионот Биг Бенд стигна како ураган од четврта категорија со ветрови кои достигнуваат брзина до 251 километри на час.

Националниот центар за урагани предупреди на „катастрофални ветрови“ и ги повика жителите да се засолнат.

AБЦ7 Чикаго објави дека повеќе од три милиони луѓе низ југоистокот се без струја, вклучително и повеќе од еден милион само во Флорида.

Националната служба за океани објави покачени нивоа на водата во Седар Ки, што укажува на сериозни поплави во областа.

Додека „Хелена“ го продолжува својот пат кон северниот дел на Соединетите држави, властите ги предупредуваат жителите на состојби опасни по живот и советуваат да бидат претпазливи во погодените области.

AA
Популарни