Властите стравуваат дека може да има повеќе мртви или повредени.          Фото: АП

Најмалку три лица загинаа, а околу 40 куќи се оштетени во силната експлозија што вчера одекна во куќа во Евансвил, во американската сојузна држава Индијана.

Властите стравуваат дека може да има повеќе мртви или повредени бидејќи спасувачката операција сѐ уште е во тек.

„Би можело да има и други жртви. Не ја завршивме потрагата. Објектите сѐ уште не се безбедни за влез“, изјави началникот на противпожарната бригада, Мајк Конели.

Конели рече дека истрагата е во тек, а причината за експлозијата сѐ уште не е позната.

AA
Популарни