Санкт Петербург на 27 и 28 јули е домаќин на Вториот руско-африкански самит / Photo: AA

Вториот руско-африкански самит ќе се одржи во Санкт Петербург, Русија, од 27 до 28 јули.

На Самитот ќе присуствуваат и рускиот претседател Владимир Путин, како и многу африкански претставници, со цел зајакнување на напорите за интензивирање на сеопфатната и рамноправна соработка меѓу Русија и африканските земји.

Путин на состанокот со шефовите на делегациите на африканските земји во Константиновиот двор во Санкт Петербург на 18 јуни изјави дека „сеопфатниот развој на врските со африканските земји е приоритет на руската надворешна политика“.

На Самитот во центарот Експофорум ќе се одржат дискусии и панели за политика, безбедност, економски односи, наука и технологија и културни и хуманитарни прашања.

Покрај тоа, учесниците и официјалните претставници ќе имаат можност да разговараат за енергетската соработка, инвестициите во агробизнисот и рударството.

Се очекува настанот да привлече повеќе од 3.000 делегати од 60 земји.

TRT Balkan / агенции
Популарни