Децата се на возраст од 5, 7 и 10 години, а тинејџерот кој починал скокајќи од прозорец за да се спаси од пожарот имал 17 години / Photo: AA

Во пожар на јужниот дел на Франција денес загинаа седум лица, вклучувајќи три деца и тинејџери, објавија локалните власти.

„Пожарот изби околу 3 часот изутрина на највисокиот кат од седумкатницата во медитеранскиот град Ница“, објави на социјалната мрежа Х префектот на покаината Алпи-Марите, Иго Муту.

Се додава дека во пожарот загинале седум лица, а дека три се повредени, од кои едно е во критична состојба.

„Жртвите се три деца, тинејџер и три возрасни лица“, изјави обвинителот на Ница, Дамиен Мертинел, за медиумите на местото на настанот.

Тој додаде дека истрагата се фокусира на можноста за кривично дело.

Во моментот на катастрофата десет луѓе од едно семејство биле внатре. Шест од починатите лица се пронајдени во станот, соопшти обвинителот. Од прозорец скокнал и многу тешко повредениот, 47-годишен маж.

Починатите деца се на возраст од 5, 7 и 10 години, а тинејџерот кој починал скокајќи од прозорец за да се спаси од пожарот имал 17 години.

Првиот заменик на градоначалникот на Ница, Ентони Бор, на социјалната мрежа Х објави дека на видеоснимките се гледаат тројца маскирани осомничени лица како влегуваат во зградата непосредно пред инцидентот.

„Нашите мисли се со семејствата на жртвите“, рече францускиот претседател Емануел Макрон изразувајќи сочувство.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин им се заблагодари на пожарникарите за нивната брза акција и спречувањето да дојде до повеќе жртви.

TRT Balkan / агенции
Популарни