Во Европската унија се регистрирани 1.548.417 нови патнички автомобили со нулта емисија на штетни гасови, објави Евростат.
Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика посочува дека тоа одговара на удел од 14,5 отсто од сите новорегистрирани автомобили во земјите на Европската унија.
Највисоки проценти на новорегистрирани патнички автомобили со нулта емисија се забележани во Шведска (38,6), Данска (36,1) и Финска (33,8 проценти).
Најмал удел е забележан во Хрватска (2,6), Словачка (2,9) и Чешка (3,1 отсто).
Кога станува збор за други возила со нулта емисија, земјите од ЕУ пријавија 100.817 новорегистрирани лесни камиони (максимална тежина до 3,5 тони), 5.262 вагони и автобуси, 4.037 тешки камиони (максимална тежина над 3,5 тони), како и 899 патни трактори.