Државната телевизија NHK објави дека проектилите биле лансирани од Северна Кореја во 7.51 часот, 8.41 часот и 8.51 часот по локално време       Фото: Ројтерс

Северна Кореја лансираше три балистички ракети во еден ден, соопшти јужнокорејската војска рано во четвртокот. Се вели дека еден од проектилите бил истрелан од главниот град Пјонгјанг и се чини дека е интерконтинентална балистичка ракета (ICBM).

Според јапонските медиуми, проектилот паднал во водите на околу 1.100 километри (684 милји) од брегот на Јапонија.

Јапонското Министерство за одбрана првично објави дека еден од проектилите поминал над Јапонија и паднал во Тихиот Океан, но подоцна ја коригираше изјавата, велејќи дека исчезнал од радарот и не ја поминал Јапонија.

Државната телевизија NHK објави дека проектилите биле лансирани од Северна Кореја во 7.51 часот, 8.41 часот и 8.51 часот по локално време и паднале во Јапонското Море (Источно Море).

Во пораката на системот за рано предупредување „J-Alert“, кој стана оперативен во префектурите Јамагата, Ниигата и Мијаги по првата ракета, од луѓето беше побарано да останат во зградите.

Предупредувањето до јавноста беше упатено „откако забележаа дека проектил се приближува кон Јапонија“.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави за новинарите дека ракетните тестови се „неподносливи“. Првиот лансиран проектил беше проценет како интерконтинентална балистичка ракета, подвлече тој.

Тој истакна дека ќе се одржува соработка со САД и Јужна Кореја за да се преземат контрамерки. Дополнително, беше забележано дека по тестовите не е откриена штета на пловни објекти или авиони кои патуваат низ целиот регион.

Министерот за одбрана Хамада Јасуказу објави дека „се истражува причината за исчезнувањето (на првиот проектил) од радарот“.

Во меѓувреме, јапонската крајбрежна стража објави дека по првото тестирање, Северна Кореја лансирала уште две ракети, кои наводно паднале во Јапонското Море.

Началникот на Здружениот Генералштаб на Јужна Кореја објави дека е оценето оти Северна Кореја тестирала балистичка ракета со среден или долг дострел.

TRT Balkan / агенции
Популарни